
Министерството за внатрешни работи ги потврди информациите за денешниот грозомоеен чин во Велес.
Оттаму излегоа со детали за крвавиот пир
Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(68) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт.
Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот. – стои во соопштението од МВР.