
МВР пред малку излезе со нови детали за трагедијата во Кисела Вода каде работници биле затрупани при ископ на темели за нова зграда.
„Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со ЦУК и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“ велат од МВР.
