Skip to main content
Македонија

Муцунски се сретна со Кос

19/11/2025  21:30

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната.

Еврокомесарката Кос ја изрази поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздрави континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.