
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на својата агенда за Западен Балкан денес пристигна во Скопје.
„Попладнево на скопскиот аеродром ја пречекав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на својата агенда за Западен Балкан денес пристигна во Скопје,“ напиша Муцунски на својата Фејсбук страница.
Министерот истакна дека од денешните средби очекува потврда на силната поддршка за евроинтеграцијата на земјата и на регионот.
„Очекувам на денешните средби да се потврди поддршката за европската интеграција на Западен Балкан и постепеното приближување на регионот кон единствениот пазар на Европската унија. Членството во Европската унија останува стратешки приоритет на македонската надворешна политика,“ нагласи Муцунски.
За време на својата посета на Скопје, Фон дер Лајен ќе оствари средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши, како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан