Skip to main content
Македонија

Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара

17/01/2025  16:24

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара, информираат од Министерството.

Соговорниците го поздравиле досегашниот развој на билатералните односи и разговарале за потенцијалите за натамошно унапредување на севкупната соработка.

-Особен акцент беше ставен на можностите за зајакнување на соработката на полето на економијата, трговската размена, туризмот, културата и образованието. Беше потенцирана потребата од зголемување на договорната рамка, како основа за понатамошна конкретна реализација на проекти и активности, се вели во соопштението од МНРНТ.

Воедно, тие размениле мислења и за актуелните меѓународни прашања, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.