
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И.(54) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. Пријавениот измамил 45-годишник за 2000 евра, ветувајќи му документи за престој и работа во странска држава.

Откако оштетениот преку посредник ги предал парите на пријавениот, а документите не биле обезбедени, сфатил дека бил измамен.
