Skip to main content
Хроника

Му се слошило, паднал и починал – Итната помош констатирала смрт кај 64-годишен аеродромец

13/09/2025  14:57

Скопјанец починал во својот дом откако му се слошило.

– На 13.09.2025 во 00:13 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Б.В.(64) од Скопје му слошило на скали во неговата куќа на подрачјето на општина Аеродром, по што паднал и починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид изврши екипа од СВР Скопје, стои во денешниот полициски билтен

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.