Skip to main content
Македонија

Му се губи трагата на млад прилепчанец, семејството моли за помош

16/02/2026  09:05

Семејството на Виктор Илиоски од Прилеп апелира до јавноста за помош по неговото исчезнување, откако во саботата околу 14:00 часот му се губи секоја трага.

Според објавата на неговата мајка Роза Илиоска на социјалните мрежи, Виктор последен пат бил виден облечен во тегет ветровка, црни тренерки и сиви патики. Од моментот на исчезнувањето, семејството нема никаква информација за неговото движење.

Семејството упатува апел до сите граѓани кои имаат било каква информација што може да помогне во неговото пронаоѓање веднаш да се јават на контакт бројот: 076 303 292.

Надлежните служби се известени, а семејството се надева дека со помош на јавноста Виктор ќе биде пронајден што е можно побрзо.