Skip to main content
Хроника

Му нашле марихуана, удрил полицаец и побегнал, па се судрил со паркирано возило

18/11/2026  14:38

На 18.11.2026 во 00:10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко возило, управувано од Т.А.(23) од скопско, а при преглед во возилото била пронајдена марихуана.

Потоа, според пријавеното Т.А. го стартувал возилото и удрил полициски службеник по што се дал во бегство по стариот пат од нас. Хиподром кон нас. Илинден. Притоа, кај место викано „Пуста кула“ удрил во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое од ударот се поместило и удрило во ограда, по што  бил лишен од слобода од полициски службеници.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.