
На 12.06.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски”, ул.„Трајко Иванов” и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(65) и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(37), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.


