Skip to main content
Хроника

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Ѓорче Петров

24/04/2026  15:03

На 23.04.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров” во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „рено клио” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(61) од с.Сарај, скопско, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(43) од Скопје и две паркирани возила, „шкода” со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.