Skip to main content

Изолирани ситуации во реновираниот дом може да настанат сами по себе, но објектот е под гарантен рок и изведувачот постапува и ги санира. Но, несакани ситуации може да бидат предизвикани и од корисници, за што апелиравме на одговорно користење при самото пуштање на објектот. Раководството на домот се соочи со запушена канализација поради фрлени влажни марамици; активиран алармен систем поради заборавена храна во вклучена микробранова печка во чајна кујна, како и поради запалена цигара во соба; откорнат радијатор; паркирани автомобили на зелени површини во дворот на домот… Сите ситуации се надминати.

Условите во „Стив Наумов“ се одлични, а храната согласно пропишани нутритивни стандарди и тоа може да се види во секое време. Залудни се обидите на СДСМ за дискредитација на работата на Министерството за образование и наука и за поттикнување незадоволство кај студентите. Така можат со своето членство, но пошироката јавност не верува на нивните приказни. Конечно, однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот – лицемерие“, стои во соопштението на МОН.