Skip to main content
Живот

Момчето на Фросина: Заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме

04/02/2025  12:49

Момчето на младата Фросина Кулакова од Неготино која смртно беше прегазена минатата недела на пешачки премин на „Партизанска“ се огласи на социјалните мрежи.

Петар Ристов напиша емотивен текст и сподели компилација на фотографии од убавите моменти со Фросина. Истовремено, видно револтиран, упати порака дека ќе се бори до последен здив правдата да биде задоволена.

– Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг. Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај се додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој, напиша тој во објава на својот Инстаграм профил.