Skip to main content
Хроника

Момче од Седларево почина по добиени повреди при сеча на дрва во дебарско село

14/07/2026  15:20

Жител на село Седларево при сеча на дрва во дебарското село Горно Мелничани се здобил со тешки повреди, од кои подоцна починал. 

Вчера во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва, информира МВР.

Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата.

На местото на несреќниот случај, увид извршил јавен обвинител, државен трудов инспектор и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.