Skip to main content
Спорт

Модриќ се изедначи со Меси по број на репрезентативни настапи

08/06/2026  19:50

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ стигна до 198 настапи за националниот тим, што го става на второто место заедно со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси.

Модриќ 198. настап го забележа синоќа во Вараждин на пријателскиот натпревар против Словенија (2:1), каде што беше и стрелец.

Португалецот Кристијано Роналдо останува рекордер со 227 настапи. Сите тројца се вклучени во составите на своите репрезентации за претстојното Светското првенство 2026.

Четириесетгодишниот Лука Модриќ игра за Милан од јули 2025 година, претходно беше дел од Реал Мадрид (од летото 2012 година), а пред тоа, настапуваше за Динамо Загреб и Тотенхем. 

За време на неговата кариера во Реал Мадрид, тој ја освои Лигата на шампионите шест пати, Светското клупско првенство пет пати, Шпанското првенство четири пати, Купот на кралот двапати и Суперкупот на Шпанија пет пати. Во 2018 година, играчот од средниот ред ја освои Златната топка. Тој исто така освои сребро (2018) и бронза (2022) на Светските првенства. Светското првенство во 2026 година ќе биде негово петто.