Skip to main content
Македонија

МНР со осуда за палењето автомобил на бугарската амбасада

15/06/2026  15:43

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот.