Skip to main content
Економија

Младеновска: Цените се веќе до плафон, наместо конкретни мерки Мицкоски само најавува

19/07/2026  12:47

Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор

Се’ е поскапено, цените се веќе до плафон. Граѓаните прескапо плаќаат за неспособноста на владата на Мицкоски.

Новото покачување на цените на дизелот ќе донесат и нов бран поскапувања на храната и другите услуги.

Наместо да преземе пакет од системски мерки Мицкоски се излезе повторно со нова најава – не за целосен пакет мерки туку само за некакво намалување на акцизите.

И повторно задоцнето, откако цените на горивата веќе пораснаа и повторно за граѓаните нема конкретни, таргетирани мерки.

Кога еднаш цените на ќе се покачат, тие не се враќаат назад. Тоа се случи веќе и сега ќе се случу повторно. 

Политиките на Мицкоски се сведени само на најави, импровизации и задоцнети реакции. Тоа е моделот по кој функционира оваа Влада веќе две години.

Прво ги игнорираат проблемите, потоа дозволуваат кризата да го уништи животниот стандард на  граѓаните. Па дури кога штетата е направена, власта излегува со задоцнети и половични мерки кои не носат никакво олеснување за граѓаните.

Граѓаните две години скапо ја плаќаат сметката за неспособноста на оваа Влада – со празни џебови и фрижидери.

СДСМ со месеци бараше и понуди конкретни мерки за заштита на животниот стандард.

Предлагавме намалување на ДДВ за храната, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, намалување на акцизите, замрзнување на маржите, зголемување на минималната плата на 600 евра и системски мерки за заштита на куповната моќ.

Сите овие предлози, Мицкосски и неговата Влада ги одбија. Едноставно не ги слушаат барањата и потребите на граѓаните – не им се приоритет.

Наместо превентивни мерки, наместо решенија, наместо вистинска грижа што е задача на секоја влада – Мицкоски го стави народот на чекање и преживување.

Граѓаните се уморни од најави и чекања, додека секој ден е нов ценовен шок. Куповната моќ е срозена, а народот преживува од плата која секој месец вреди се помалку.

Потрошувачката кошничка секој месец урива нови рекорди. Скоро 70.000 денари се потребни месечно за покривање на основните животни трошоци.

Оваа Влада ја води државата кон економска и социјална пропаст, а граѓаните кон се подлабока сиромаштија.