Skip to main content
Спорт

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

10/10/2025  19:38

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако вечерва триумфираше над Ерменија со 2-1.

Херој на победата беше стрелецот на двата гола, Димитар Трајков.

Македонските надежи со пресврт во второто полувреме дојдоа до првите бодови во Е групата. Ерменците имаа предност од 38-та минута кога погоди Ховханисијан.

Пресвртот го режираше напаѓачот на Работнички, Трајков, со головите во 54-та и 83-та минута.