Skip to main content
Хроника

Млад мотоциклист излетал од автопатот Скопје – Куманово

21/04/2025  15:39

На 20.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.50 часот на автопатот Скопје -Куманово, во близина на клучка Хиподром, мотоцикл со штипски регистарски ознаки,  управуван од Д.И.(23) од Штип, излетал од автопатот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.