Skip to main content
Скопје

Густ чад и мирис на изгорено – пожар кај Маџари

22/03/2026  16:48

Пожар избувна попладнево во скопската населба Маџари, каде што гори отпад, создавајќи густ црн чад што се шири во околината.

Според првичните информации, огнот зафатил насобран отпад на отворен простор, а чадот е видлив од повеќе делови на градот. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи, посочувајќи дека мирисот на изгорено се чувствува во поширокото подрачје.