
Изјава на кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од редовите на СДСМ, Влатко Митовски
Утрово сме на пазарот во Ченто, место кое секогаш е полно со енергија и живот.
Тука сме за да ги посетиме пазарџиите од дел од општината, луѓе кои секојдневно се меѓу граѓаните и најдобро ги знаат нивните реални потреби.
Тие се нашиот слух до граѓаните и затоа разговорите со нив се особено значајни.Од нив слушаме искрени предлози за тоа како сите заедно можеме да изградиме подобри услови за живеење во нашата општина.
Ова утро ни потврди дека најдобрите решенија секогаш доаѓаат од оние што постојано се соочуваат со секојдневните предизвици и најдобро ги познаваат реалните проблеми на луѓето.
Одтука произлегоа конструктивни идеи за поурбана, почиста и модерна Гази Баба.
Нашата задача е тие идеи да ги преточиме во програма и да обезбедиме нивна реализација во четригодишниот градоначалнички мандат, за општината да биде поубаво, посигурно и подобро место за живот за сите нас.