Доминантна победа на најдобрата македонска ракометна репрезентација над Катар (39:34) на Светското првенство.
Еден од најзаслужните за триумфот беше плејмејкерот Марко Митев кој запиша пет голови од седум обиди.
Играчот на ракометниот клуб Алкалоид беше прогласен за играч на натпреварот:
– Одевме на сѐ или ништо против Катар. Тимот беше фокусиран и подготвен. Благодарност за целата поддршка што ни ја даваат навивачите, тие ни се нашиот ветер во грб. Франција е фаворит, но ќе дадеме сѐ од себе да изненадиме на тој меч. Затоа сме тука на Светското првенство, сакаме да победуваме – изјави Митев за Македонската Телевизија.
Следниот натпревар од втората фаза нашиот национален тим го игра против Франција (25 јануари, 20.30 часот).