Skip to main content
Македонија

Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје

30/07/2025  18:10

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука на кадри од безбедноста на МВР во Идризово присуствуваше на отпочнувањето на процесот на полагање на теоретскиот дел од стручниот испит за ракување со оружје.

Практично, во наредните неколку недели согласно динамиката утврдена во рамки на активностите на надлежните служби во МВР, односно Одделот за граѓански работи над 1.000 лица ќе ги минат предвидените стручни тестирања, или како што нагласи министерот Тошковски со ова се заокружува еден процес на имплементација на најитните реформи од оваа област со кои беа засегнати повеќе страни и лица.