Skip to main content
Македонија

Министерот Алиу вели дека се работи на процесот за трајно вработување на хонорарците во тетовската болница

06/02/2026  14:51

За луѓето со договор на дело кои во декември 2025 останаа без трајни вработувања во Клиничка болница Тетово продолжува процесот со цел и за нив да се обезбеди решение за постојан работен статус. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу за тоа што ќе се случува со 40-тина лица медицински персонал и технички кадар кои во јануари и февруари одат на работа и без договор на дело.

По вчерашната акција за заплена на марихуана и медицински канабис во Скопје, министерот Алиу одговори дали Министерството за здравство ги контролира приватните фирмите кои добиваат нивна лиценца за работа со ваков вид на медицински материјали. Тој рече дека Министерството за здравство по давањето на такви лиценци и дозволи врши редовни и повремени контроли.

– Според нашите протоколи секои три месеци редовно мора да ги известуваат нашите канцеларии, нашата институција, приватниот сектор којшто произведува таков тип на производство. Од наша страна, исто така со Инспекторатот имаме годишен план но имаме и ад-хок посети, ако тоа е потребно. Вториот дел, дали излегуваат надвор и како тоа се пренесуваат една во друга институција според протоколите мора да не информираат. Но, ако е надвор од тие протоколи, ние не сме надлежни како институција, тоа е надлежно Министерството за внатрешни работи, посочи Алиу.