Skip to main content
Хроника

Минибус со навивачи нападнат од група граѓани на патот Прилеп-Ресен

18/04/2026  18:16

На 17.04.2026 во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница бил оштетен минибус.

Минибусот „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од с.Коњско, охридско превезувал навивачка група од Охрид. Движејќи се по патот бил оштетен од група граѓани, при што настанале материјални штети.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени пријави.