Skip to main content
Свет

Михаел Шумахер стана дедо

05/04/2025  16:43

Ќерката на Михаел Шумахер, Џина, пред неколку дена роди девојче. Како што пренесува „Билд“, бебето е родено во Швајцарија, каде Џина престојуваше последните неколку недели.Веста за раѓањето на девојчето брзо се рашири, а Џина веќе ја објави својата бременост на Инстаграм во декември со фотографија која даде индиции за полот на детето.