
На дневна основа се разговара и се решаваат проблемите со кои се соочуваат семејставата на 62 млади луѓе кои загинаа, како и со семејствата, чии деца имаат последици по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој најави дека во следниот период лично ќе се сретне и ќе разговара со семејствата на настраданите и повредените. Пред два дена повредени деца кои се враќале од лекување во Анкара имале непријатна систуација на аеродромот во Истанбул.

Премиерот Мицкоски вели дека граѓаните на Македонија тагуваат по оваа несреќа, а свесен е дека ќе има и политички структури кои, како што рече на лешинарски начин ќе се обидат на трагедијата на семејствата на загинатите и повредените да соберат некој политички поен. Прашан за обвинувањата за селективна истрага, Мицкоски со став дека ја води обвинителството и нема да се меша во неа, а министерот за внатрешни работи го брифира за целиот случај, бидејќи за него ова е прв приоритет.