Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Владата е подготвена да седне на маса за подготвување нов општ колективен договор

08/02/2026  19:19

Владата е подготвена за подготовка на нов општ колективен договор, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека ова е година кога Владата сака да воспостави ред и дисциплина во државата, а тоа, меѓудругото, рече, подразбира и решавање на ова прашање.

Во однос на фискалната консолидација, Мицкоски потсети дека оваа Влада наследила хаотична состојба. Ако во годината кога ја презема власта буџетскиот дефицит бил над 4,5 отсто од БДП, а минатата година изнесувал под 4 отсто, во 2026-та се очекува да се консолидира на 3,5 проценти.