Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари

02/05/2025  15:36

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа како ја оценува состојбата во владината коалиција, напомена дека е одлична, а притоа потврди и дека ќе се случи средба со министерот за здравство, Арбен Таравари.

MK Summit

Ова доаѓа откако остана под знак прашање останувањето на министерот за здравство Арбен Таравари во Владата, по превирањата во коалицијата ВЛЕН, еден од владините коалициски партнери покрај ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.