Skip to main content
Македонија

Мицкоски со предлог: Маркетите на веб страница да ги објавуваат цените на сите продукти

11/02/2025  13:37

На денешната седница на Владата се очекува да се одлучува за воведување нови мерки кои треба да го заузадаат галопирачкиот скок на цените на производите.

Додека граѓаните чекаат какви мерки ќе произлезат од седницата, премиерот Христијан Мицкоски пред нејзиниот почеток излезе со свој предлог.

„Еве една мерка што ќе ја предложам, сите ланци на овие супермаркети, хипермаркети да имаат јавна веб-страница, транспарентна, на која ќе ги објават сите цени на сите производи кои ги имаат во своите маркети. Да можат граѓаните јасно да видат колкави се цените и самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот. Ќе можеме и да ги следиме ние тие трендови, да правиме некој хистограм на движење на тие цени“, рече премиерот Мицкоски.

Инаку поради високите цени на продуктите, граѓаните во два наврати ги бојкотираа маркетите со што значително го намалија прометот и профитот на трговците.