
Разочаран сум од тоа што само 210 македонски Бугари се пријавиле да гласаат на изборите во Бугарија, од тие „200.000 според Радев“, вели премиерот Мицкоски денес во одговор на новинарско прашање за изборите во Бугарија.
– Се надевам дека граѓаните на Бугарија ќе изберат премиер кој е проевропски и продобрососедски ориентиран и ќе биде промотор на Копенхагеншките критериуми, а не на билатерални прашања од средниот век, рече Мицкоски.
