Skip to main content
Македонија

Мицкоски најавува инвестиции за ,,Попова Шапка”

05/01/2026  17:57

Премиерот Мицкоски потврди дека Владата разговара инвеститори за развој на туристичкиот центар „Попова Шапка“. Целта е центарот да стане еден од најголемите и најсовремени во Европа.

– На вистинскиот пат сме. Не велам дека се сигурни сите детали, но имаме сериозен инвеститор и јас сум оптимист дека ќе ја достигнеме конечната цел – Попова Шапка да стане најубав туристички центар во регионот, рече Мицкоски.

Мицкоски потврди дека се договараат грандиозни инвестиции и дека се развива поширок концепт за центарот, со повеќе скијачки патеки отколку многу од големите алпски центри.

Дел од планот е и изградба на нова жичарница од Тетово до Попова Шапка, која би овозможила функционирање на центарот 365 дена во годината, а не само во зимската сезона.

– Од меѓународен аеродром за 45 минути сте на пистата со скијачки чизми. Се работи за нова траса на жичарницата, но ќе ги соопштиме деталите подоцна, рече Мицкоски.

Според информации на Телевизија 21, инвеститорот за кој зборува премиерот е од Катар, за разлика од претходните најави за италијанската компанија „Алпин“ која беше промовирана од претходната влада.