Skip to main content
Економија

Мицкоски најави сериозно намалување на цените на нафтените деривати

20/06/2026  14:26

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави осетно намалување на цените на нафтените деривати во текот на следната недела.

Според најавите на Мицкоски, бензинот би можел да поевтини за околу 4 денари по литар, додека кај дизелот се очекува уште поголемо намалување, односно за околу 7 денари по литар.

„Имајќи ги предвид сите аспекти и фактот дека на мировна маса се и Израел и Хезболах, очекувам кризата да се заокружи и да влеземе во помирен период. Тоа би значело до крајот на годината просечната цена на барел нафта да биде меѓу 70 и 80 долари“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека конечните цени ќе бидат познати во понеделник, кога Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија официјално ќе ги објави новите пресметки.