Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, во врска со тоа дали ќе се укине недела неработен ден вели дека неговиот став е дека или сите да работат со двојна или тројна дневница за работниците за тој ден или никој да не работи.
„И сега е недела работен ден, но, само за одредени економски оператори. Напишано е кои се тие оператори, во законот дури се ставени во квадрат. На пример, работи еден трговски центар што го отваравте со фанфари. Значи, и сега има економски оператори што работат во недела. Моето лично мислење е или никој да не работи во недела, вклучително и тие што сега работат, или, пак, тие што сакаат да работат да им даваат двојна дневница на работниците“, рече Мицкоски.