Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Додека сум премиер, нема да има промена на уставот без гаранции

13/11/2025  19:00

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи денес на новинарски прашања во врска со конкретните чекори за решавање на проблемот со Бугарија, рече дека е подготвен да седне на разговор, но ставот на Владата по ова прашање е познат, како и црвените линии.

„Нашиот став е многу јасен, сите знаат кои се црвените линии, ние ги имаме исцртано тие црвени линии многу пати претходно.

Подготвени сме да седнеме и да разговараме, но не би било коректно никој да очекува дека оваа Влада, додека јас сум премиер, одеднаш ќе каже дека она што досега го кажавме не е валидно, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени.

„Барем додека сум јас премиер. Ако дојде некој друг, нека се залага за поинаква политика“, одговори Мицкоски.

Според Мицкоски, додека е премиер, „такви предавства и капитулации нема да се случат“.
The post Мицкоски: Додека сум премиер, нема да има промена на уставот без гаранции appeared first on Во Центар.