Skip to main content
Економија

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании по поволни услови, префрлена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

19/11/2026  17:40

Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компнаии.

Средствата Владата ги обезбеди од унгарската Експорт-импорт банка со цел поттикнување на инвестициски циклус во приватниот сектор и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници – домашните компании по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.