
Метео анализа на Славчо Попоски:
Од денес четврток 23 април 2026 до недела 26 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под влијание настабилна, сува и на значително потопла воздушна маса од југ која ќе услови да имаме сончево и стабилно време со појава на мала до умерена локална облачност а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на брз и на голем пораст па така особено топло преку ден ќе биде за време на викендот кога температурите речиси насекаде во Македонија ќе надминуваат 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе надминат и 25 степени.
Утрешното утро 24 април 2026 петок сеуште ќе биде поладно со температури кои особено на повисоките населени места и на планините ќе се спуштат под нулата и ќе има појава на утрински мразеви. Потоа за време на викендот и во утринските часови ќе имаме значително повисоки минимални температури и утрата ќе бидат значително потопли.
Сепак за време на овој период ќе дува северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет особено во Повардарието.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период времето ќе биде стабилно, суво, сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата особено за време на викендот ќе надминува 25 степени.

