Skip to main content
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следуваат локални врнежи, на планините снег

23/03/2026  07:12

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во вторник на 24-ти март 2026 ветерот од северен правец повремено ќе биде засилен на интензитет  а ќе продолжи променливото време со услови за слаб локален дожд.

Наутро во понеделник 23-ти март 2026 температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени а максималната температура ќе се искачува во интервалот од 9 до 16 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 5 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 15 степени.