Skip to main content
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА Медитерански циклон ни носи нови дождови

02/12/2025  20:21

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот  и на серија на влажни воздушни бранови од утре (Среда 3 декември) до Сабота (6 Декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).

На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец  и тој повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.

Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје  и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени.