Skip to main content
Култура

„MEET Преспа”– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

24/07/2025  18:46

Во Пустец утре ќе се одржи фолклорен фестивал „MEET Преспа” со учество на фолклорни групи од Албанија и Македонија, објави Општина Пустец.

-Сите се поканети и добредојдени на овој значаен прекуграничен фестивал – настан што ја обединува традицијата, музиката и народните ора на различните краишта од Преспа, Албанија и Македонија, стои во објавата.

Во празнична атмосфера, се додава, ќе се промовира културното наследство и прекуграничната соработка.

Настанот го организира Општина Пустец во соработка со општините Девол, Колоња, Поградец и Ресен, организацијата „Гео-екологија“ а со поддршка на Министерството за економија, култура и иновации на Албанија.

Според општина Пустец, фестивалот, кој почнува во 18 часот, на плоштадот “Гоце Делчев”, е дел од иницијативите за развој на културниот туризам и истакнување на природните и етнографските богатства на Преспанскиот регион.