Skip to main content
Скопје

Меџити: Швајцарија останува важен партнер на европскиот пат на државата

02/06/2026  17:27

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, г. Кристоф Зомер, на која се разговараше за актуелните политички случувања, реформските процеси и европската перспектива на државата.

За време на средбата, Меџити изрази благодарност за континуираната поддршка што Швајцарската Конфедерација ѝ ја дава на Северна Македонија во области од особено значење за демократскиот, институционалниот и економскиот развој.

„Швајцарија била и останува важен партнер на нашата држава. Нејзината континуирана поддршка за реформските процеси, демократскиот развој и европската интеграција претставува значаен придонес за иднината на државата”, изјави Меџити.

Соговорниците ги оценија одличните односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја важноста на соработката и стратешкото партнерство во насока на унапредување на реформите и европската перспектива на Северна Македонија.