
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска беше на терен на улица 157 во населба Гази Баба во Чаир, каде што одблиску ја следеше динамиката на работите што се изведуваат на оваа улица.
„Атмосферската канализација е речиси завршена и многу скоро ќе се поврзе со главната цевка на булеварот. Паралелно, се одвиваат и работите за водоводната мрежа, кои се движат според планот. Овој проект ќе ги подобри условите за живот на околу 90 семејства, жители на маалото“, изјави Меџити.
Како што беше ветено, додаде тој, по завршувањето на подземните работи, проектот ќе продолжи со асфалтирање на улицата и поставување на ново јавно осветлување.
Меџити им упати апел на жителите за разбирање, потенцирајќи дека временските услови се поволни и дека се очекува работите да завршат во најкраток можен рок.