Skip to main content
Македонија

Меџити: Химната може да биде без текст или со текст прилагоден на новото време

19/02/2025  00:13

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, во интервјуто за емисијата „Дијалог во Лајм“ изјави дека прашањето за промена на државниот грб не било дел од договорот на владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и дека не е приоритетна тема за Владата. Меѓутоа, тој нагласи дека коалицијата ВЛЕН е подготвена да дискутира за сите прашања. Според него, доколку се отвори темата за промена на грбот како остатоци од комунистичкото минато, тогаш треба да се разгледа и промена на химната, како дел од новото време и европскиот дух.

„Ако грбот е комунистички реликт, тогаш и химната треба да се прилагоди. Може да биде химна само со музика, без текст, или текстот може да биде изменет. Нашата коалиција е подготвена да ги отвори овие прашања во пакети, во кои ќе се вклучат и измени за користењето на албанскиот јазик“, изјави Меџити.