
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес на официјална средба го прими новиот амбасадор на Република Турција во Северна Македонија, Неговата Екселенција, Алпер Акташ. Средбата се одржа во духот на традиционалните пријателски односи и соработката меѓу двете земји.
За време на средбата, Меџити го истакна значењето на историските и културните врски што ги поврзуваат Северна Македонија и Турција, изразувајќи благодарност за досегашниот придонес на турските институции и нивната улога во зајакнувањето на институционалната соработка.
„Северна Македонија и Турција ги поврзуваат долгогодишни културни врски и традиција на институционална соработка. Верувам дека за време на мандатот на амбасадорот Акташ ќе имаме можност дополнително да ја продлабочиме оваа соработка”, истакна Меџити.
На крајот од средбата, градоначалникот Меџити му се заблагодари на амбасадорот Акташ за посетата и му посака успех во извршувањето на неговата дипломатска мисија, изразувајќи подготвеност за продолжување и унапредување на соработката.


