Skip to main content
Спорт

Мбапе го престигна Меси и стана лидер на листата на стрелци

19/07/2026  08:41

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе постигна два гола против Англија ноќва во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026 и испиша историја на Светските првенства. Со 22 погодоци на мундијалите стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.

Мбапе до рекордот стигна на 27-годишна возраст, а на актуелното Светско првенство постигна 10 голови. Воедно, стана првиот фудбалер по Герд Милер во 1970 година што постигнал двоцифрен број голови на едно Светско првенство.

Со тоа го надмина Лионел Меси, кој има 21 гол, но Аргентинецот ќе има можност да ја подобри својата статистика во финалето против Шпанија.