Skip to main content
Балкан

Маж застрелан во парк во Белград додека кревал тегови

13/03/2025  10:59

Полицијата во Белград трага по напаѓачот кој синоќа во парк во Вождовац го застрела 35-годишниот Милан Ф.

35-годишникот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ВМА. Тој се здобил со прострелна рана во пределот на бутот и е надвор од животна опасност. Тој на полицијата и рекол дека бил во теретана во паркот и кревал тегови кога му пришол маж и го застрелал.

Телеграф неофицијално дознава дека полицијата на местото на настанот пронашла чаура. Инаку, 35-годишникот веќе и е познат на полицијата. Тој тврди дека не знае кој и зошто пукал во него.

За случајот е известено Вишото јавно обвинителство во Белград.