Skip to main content
Хроника

Маж се заглавил во машина за правење бетон во кумановско и починал

07/02/2025  15:59

Во СВР Куманово вчера било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Лекар констатирал смрт, а за настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.

Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.