
Маж од скопски Сарај ја нападнал партнерката и ѝ искршил два мобилни телефони.
– На 10.04.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од скопско село пријавила дека на 08.04.2025 околу 10.00 часот во двор од домот каде престојувал нејзиниот партнер Ф.Х.(46) од село Сарај, скопско, тој физички ја нападнал и ѝ оштетил два мобилни телефони, соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.