Skip to main content
Хроника

Маж од Македонија ненадејно почина на плажа во Албанија

19/08/2025  23:25

Тетовецот А.С. (41), вработен во Основниот суд во Тетово, ненадејно почина вчера на плажата Шкемби во Каваја, кај Драч, каде што бил на одмор со своето семејство.

Сведоци за албанските медиуми изјавиле дека присутните двапати успеале да го оживеат, но поради доцнењето на Брзата помош, која пристигнала дури по повеќе од еден час, неговиот живот не можел да се спаси.

Смртта на А.С. предизвикала голем шок кај неговите најблиски и колегите, бидејќи починатиот не боледувал од никаква хронична болест. Косовскиот весник „Експрес“ објави дека зад себе оставил сопруга и две ќерки.