
На познатиот грчки остров Миконос настана хаотична масовна тепачка во еден ресторан за брза храна, при што беа нападнати и полициските службеници.
Според очевидци, инцидентот започнал како вербален конфликт меѓу две групи италијански туристи, но брзо прераснал во физичка пресметка. На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа како дел од туристите, под дејство на алкохол, се тепаат меѓу себе и со полицајците кои пристигнале да воспостават ред.
Обидите на полицијата да ги раздели конфликтните страни наишле на жесток отпор, а хаосот во ресторанот продолжил се додека службениците не успеале да го смируваат инцидентот.
Според сведоци, расправијата брзо ескалирала, а повиците и пцовките прераснале во директни удари, создавајќи драматични сцени кои беа забележани на видеото објавено на социјалните мрежи.